ПРОБЛЕМИ КАЈ ТУРБО ПОЛНАЧИТЕ

Иако постојат голем број на различни проблеми кои можат да доведат до дефект на турбополначот, тие може да се поделат во 5 групи и тоа:


1НЕДОСТАТОК НА МАСЛО ЗА ПОДМАЧКУАЊЕ ИЛИ НЕНАВРЕМЕНО ПОДМАЧКУВАЊЕ (ЗАСТОЈ ВО ПОДМАЧКУВАЊЕ)

Со оглед на тоа дека турбината се врти со доста голема брзина, и достигнува и до 100.000 вртежи во минута, потребата за подмачкување е од критично значење. Маслото се вбризгува при одреден степен на проток и со одредено ниво на притисок, со цел да се постигне следното:
Подмачкување на прстенестите потисни лежишта
Стабилизација на ротационото вратило и прстенестите лежишта
Служи и како средство за ладење пред турбината да достигне голема брзина;
Како се зголемува брзината на турбината и оптеретувањето на моторот, така потребата за масло како лубрикат и средство за ладење се зголемува. Ако постои застој во подмачкувањето на турбополначот, макар и на краток временски период, може да дојде до оштетување на лежиштата. Застојот во подмачкувањето може лесно да се препознае по бојата на лежиштата или вртилата, кои добиваат плавкаста боја. Таа плавкаста воја укажува дека овие делови биле изложени на доста висока температура.


2СТРАНО ТЕЛО ИЛИ НЕЧИСТОТИЈА ВО СИСТЕМОТ ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ
Голем број на сервисери често поглершно претпоставуваат дека при подмачкување на моторот со нечисто масло, целосната нечистотија и страни тела од маслото, ќе остане во филтерот за масло пред истото да стигне до самиот агрегат, а во нашиот случај лежиштето на турбината, што може да биде доста скапа грешка! Сите овие материјали може да причинат оштетување на лежиптето кога количината на нечистотии е доволна за тоа да се случи или пак доколу големината на овие честици е доволно голема за да предизвика запушување на доводот за масло во турбото, па со тоа единицата останува без масло. Лежиштата на турбината се првите кои ќе појават дефект, пред да се појави дефект на самиот агрегат. Единицата која се врти со брзина од 80.000 вртежи во минута на врвовите на сечилата на пропелерите од турбото ќе има брзина од 700 милји на час. Кај новите турбини, брзината на сечилата шреминува и преку 1000 милји на час.


3ПРОБЛЕМИ СО МАСЛОТО
Подмачкувањето кај дизел агрегатите е доста важен дел од работата на моторот и покрај тоа што современата технологија е доста напредната во изработка на квалитетно масло, и понатамо се соочуваме со два основни проблеми:

♦ Пропаѓање на маслото: Високата температура која се постигнува во модерните дизел агрегати може да предизвика повеќе проблеми со маслото. Со овие активности се створаат карбонатни материјали (катран), кој се лепи за деловите на моторот и прави проблеми. Со оксидацијата предизвикуваат јаглеводороди во самото масло кои се мешаат со кислородот; со ова се ствара органски киселини од кои два типа се главни: оние кои имаат доста ниски точка на вриење и оние кои се доста корозивни (нагризуваат).
Овие материјали се одговорни за неколку проблеми кои се јавуваат кај дизел агрегатите и турбополначите. Ако се дозволи киселините да станат концентрирани, ќе ги нагризи лежиштата и сл. со што се причинува створање на дупчиња на лежиштата што покасно доведува до оштетувања. Исто така се мешаат со останатото масло, и со таа реакција се предизвикува тиња која после тоа се таложи во моторот, посебно во филтрите, со што се отежнува доток на масло во турбополначот. Во случај на тешка оксидација може да се појави тврдокорна глазура. Кога ќе се дозволи таложење на тиња во системот за подмачкување, како поминува низ турбината центрифугалната сила ја распрскува неа низ внатрешната страна на лежиштата од куќиштето каде се лепи и оневозможува слободен проток на масло. Со тек на време овие наслаги прават проблеми и со дренажата (дводот) на маслото што доведува до истекување на масло. Ако овие материи се наталожат на страните на турбината, топлината ќе предузвика оваа наталожена тиња да се запече со што се ствара дисбаланс на турбината.

♦ Надворешна контаминација: До сега ги разгледувавме проблемите со маслото кои се производ на промената на структурата на маслото, кое воглавно настануваат како последица од изложеноста на високи температури и воздух. Меѓутоа вреди да се разгледаат и други агенси.
Меѓу нив има такви кои го валкаат маслото со остатоци од согорување на горивото како што се пепел, чад, несогорени остатоци од гориво и вода. Сите овие елементи предизвикуваат контаминација на маслото. И самиот мотор допринесува во проблемите со маслото, поради тоа што абењето на моторот произведува мали парчиња метал кои или ќе поминат низ доводот за масло на турбината или ќе оксидираат и ќе го забрзаат расипувањето на маслото. Во секој случај надворешните честички и нечистотија влегуваат во цилиндрите низ доводот за воздух.


4СТРАНИ ТЕЛА ВО ИЗДУВОТ НА СИСТЕМОТ ИЛИ ВО СИСТЕМОТ ЗА ФИЛТРИРАЊЕ НА ВОЗДУХОТ
Било која честичка која ќе се најде внатре во овие системи, без да се сомневаме, ќе доведе до оштетување на турбополначот, а можни се и оштетувања на самиот мотор. Со тоа што турбополначот е доста прецизен инструмент, неговата ранливост автоматски станува поизвесна при продор на било која честичка која ќе влезе во куќиштето; можни се оштетувања на пропелерите на турбината, чии алуминиумски делови може да дојдат до моторот и со тоа да се оштетат клиповите, вентилите, осовините па дури и радилицата.
Големината на овие честички може да варира од прашина во усисниот систем до фрагменти од вентилите на издувниот систем. Исто така треба да се знае дека ако некое страно тело остане во самиот систем, турбото ќе реагира така што најверојатно ќе губи моќност, ќе исфрла црн чад, ќа ја зголеми потрошувачката на масло и ќе ги оштети пропелерите на турбината.


5 ♦ МАТЕРИЈАЛИ И ИЗРАБОТКА
За изработка на турбополнач се користат само оние материјали кои имаат поминато ригорозни тестирања. Константните проверки, како на квалитето на материјалот, така и на процесот на изработка, се во согласност со стриктните барања на OEM (производителот на оригинални делови). Турбополначите се најверојатно најнесватените компоненти на моторите, и недостатокот на потребното знаење на самиот сопственик на возилото е она што ја прави дејноста за сервисирање на турбополначите доста тешка. Како што може да се види од приложеното, турбополначите ја зголемуваат испорачаната моќност на моторот за околу 30%; не се менуваат работните карактеристики на моторот, односно работи онака како ќе му наложи моторот. Изворот на погон на турбополначите се издувните гасови на моторот, и неговата моќе се контролира со протокот, притисокот и температурата. Ако постои некој проблем кај самиот мотор или неправилност во работењето на истиот, турбополначот нема да ги заобиколи, туку најчесто само дополнително го нагласува проблемот. Од ова може да се заклучи дека само со замена на неисправната единица не секогаш ќе се реши проблемот. Доколку постои и најмал сомнеж, треба да се консултирате со оригиналното упатство за моторот и опремата.