Турбокомпресорите се делат на три основни типови:

  1. Првата група се класичните турбокомпресори кои немаат регулација на притисок.
  2. Втората група се турбокомпресори кај кои притисокот го регулира „WASTEGATE“ односно регулаторен вентил
  3. Третата група се VNT (VariableNozzle Turbine) – VGT (Variable-geometry turbocharger) и во денешно време се најчесто застапени.

Турбокомпресори со WASTEGATE (регулаторен вентил) се оние кои регулирањето на притисокот на воздухот, кој се испорачува во усисниот систем на моторот, се врши со помош на потисен регулаторен вентил или во некои случаи со вакумски вентил.


Потисен регулаторен вентил

Комората-печурка на регулаторниот потисен вентил е поделена на два дела со мембрана. Со зголемување на бројот на вртежите на турбокомпресорот, расте и притисокот на воздухот во усисната грана и турбокомпресорот, па така и во комората на регулаторниот вентил која е директно поврзана со куќиштето на компресорот расте притисокот кај вентилот, се до моментот кога притисокот е доволно голем за да ја помести пружината на клипот на вентилот. Во моментот кога притисокот ќе ја совлада јачината на пружината, се отвора клипот на регулаторниот вентил и овозможува отворање на турбинскиот вентил преку кој дел од издувните гасови директно се праќаат во издувниот систем, поради што во турбината доаѓаат помалку издувни гасови за придвижување на лопатките на турбината а со самото тоа и притисокот на воздухот кој го праќа турбокомпресорот до усисниот грана на моторот е помал.


Вакумски регулаторен вентил

Принципот на работа кај вакумските регулаторни вентили е доста сличен со потисниот. Основната разлика помеѓу овие регулаторни вентили е тоа што регулацијата кај вакумскиот вентил се врши со помош на централната единица односно моторот, кој со помош на електро магнетен вентил и вакум го контролира работењето на регулаторниот вакумски вентил. За разлика од потисниот регулаторен вентил кај овие мора да се изработи прецизна калибрација со цел да се овозможи непрекинато и правилно работење на турбокомпресорот. Нестручните подесувања на овие типови на вентили може да доведе до сериозно оштетување или тотална хаварија на турбокомпресорот.


VNT турбокомпресори

turbokompresori3VNT турбокомпресорите работат така што се контролира влезот на издувни гасови во турбокомпресорот. Со цел оптимизација на моќноста, се одредува интензитетот на проток на издувни гасови кои се користат за придвижување на турбокомпресорот. При ниски вртежи на моторот и помал проток на гориво, VNT лопатките, кои варираат во својата поставеност го контролираат протокот на издувни гасови со што овозможуваат правилно насочување на истиот кон турбинките лопатки, што резултира со зголемен притисок и моќност на турбината. При високи вртежи на моторот и голем проток на гориво, VNT турбокомпресорот ги префрла лопаткита во отворена положба што резултира со намален број на втрежи на турбокомпресорот, а со самото тоа дава и помал притисок и помала количина на воздух. На овој начин се контролира вројот на вртежи во внатрешноста на турбокомпресорот, а исто така се одржува оптимално ниво на притисок кој му е потребен на моторот. VNT лопатките се контролирани директно со помош на притисокот во компресорот или со помош на вакумски електронски активатор кој директно ја контролира работата на VNT лопатките.