Историјата на турбокомпресорите датира од почетниот развој на ОТО моторите (мотори со внатрешно согорување). Во тие далечни години, инжинерот Gottlieb Daimler (1885) а подоцна и Rudolf Diesel (1896) работеле на развивање на уред преку чија помош, воздухот кој е потребен да се внеси во цилиндарот биде под притисок, а со тоа да се зголеми ефикасноста на моторот и да се намали потрошувачката на горивото. Првиот турбокомпресор кој бил на погон на издувните гасови од моторот го развил Швајцарецот Alfred Buchi. Од 30-тите години на ХХ век започнува масовната употреба уредите кои доста наликуваат на денешните турбокомпресори, кои исто така биле придвижувани од издувните гасови. Тие уреди кои ги користеле тогаш, имале доста недостатоци кои со тек на време се отстранувале преку усовршување на нивната функција, што и ден денес се случува. Едноставно совршен турбокомпресор не постои. Константно се вршат нови испитувања и унапредувања на денешните компресори.

Денешните турбокомпресори кои ни се познати го користат истиот принцип на работа како и своите предци но димензиите и перформансите се значајно подобрени дури и во споредба со турбокомпресорите кои се користеа пред крајот на ХХ век. Денешните ОТО мотори, без разлика дали се за патнички или теретни возила, не можат да се замислат без турбокомпресор. Развојот и усовршувањето на турбокомпресорите овозможија многу поефикасно раотење на моторите како и подобро согорување на горивото, со што се намалува и емисијата на CO2 од издувните гасови кои ги произведуваат моторите на возилата. Во споредба со класичниот мотор со слична моќност, потрошувачката на гориво кај моторите со турбокомпресор е доста пониска а моќноста на моторот поголема, а дел од енергијата од издувните гасови која кај обичните мотори е неискористена, кај моторите со турбокомпресори се користи за придвижување на турбокомпресорот и допринесува за подобрената ефикасност на моторот.