Сакате да вградите Турбо на обичен атмосферски мотор ?

Често погрешно се претпоставува дека инсталирањето на турбо е едноставно, и се што треба да се нашрави е само да се заштрафи… Некои лиѓе мислат дека турбото е едноставна црна кутија која едноставно може да се стави во касетата и со обично притискање на едно копче ја зголемува моќта на моторот. Сепак ова може да се каже дека е само последина на гледање доста холивудски филмови во стилот на „Mad Max“ (кој користи суперполнач за да ја намали силата)!? Турбополначот е компонента на моторот која лесно ја зголемува излезната моќност за 30% а во некои случаи тоа може да биде и до 100%. Поради тоа, прва работа која треба да се земе во предвид е моторот. Дали моторот е во состојба да поднесе толкаво зголемување на моќноста во одреден момент и состојба? Дали тоа било можно кога моторот бил потполно нов? Дали кумплугот, менувачот и кочниците се дораснати за оваа задача?

Во 99% од случаите, без оглед на тоа дали моторот е бензински или дизел, тој просто никогаш не ни бил дизајниран да може да се избори со толку зголемената моќност и вртежен момент. Што значи дека пред самата помисла за вградување на турбополнач во автомобилот морате да го проверите моторот. Елементарни разики помеѓу моторите со турбополнач и атмосферските се нивото на притисокот, профилот на брегастата, дотокот на гориво, времето на палење, типот на клиповите и издржливоста на одредени делови на моторот кои се ротираа.

За да може еден атмосферец да го издржи ова конвертирање, потребно е да се извршат одредени модификации со цел ефикасно да се спреведе оваа адаптација:

♦ Обработка на усисната грана со цел да се спроведи монтажата на турбополначот.

♦ Мора да се провери степенот на компресија на моторот и онамо каде што е потребно да се намали, што во идеални случаи би требало да изнесува помеѓу 7,5:1 и 8,5:1 (воглавно) со цел да се овозможи употребата на значајно зголемениот притисок.
Ова може да се постигне на три начини: доколку е можно да се вградат ковани клипови со ниска компресија, обработување на врвовите на стандардните клипови или поставување на подебел дихтон на главата или вградување на браник (одбојник).

♦ Исто така треба да се проверат и карактеристиките на брегастата осовина и да се утврди дали преклопувањето на вентили трае предолго за оваа намена. Во идеални случаеви времетраењето на преклопување на вентилите е средно (ни премногу долго ни премногу кратко).

♦ Системот за вбризгување на гориво, инјекторите (дизните), пумата за гориво, притисокот и манипулирањето со системот за палење исто така треба да се модификува во согласност со зголемените барања на турбополначот. Како притисокот расте, потребно времето на палење на се поместува (наназад, да заостанува – прим.прев.).


Со цел да се пронајде адекватен турбополнач, потребно е да се наведат одредени податоци за возилото:
♦ Зафатнината на моторот
♦ Максималниот број на вртежи на моторот
♦ Користењето на возилото (семеен автомобил, за трки, рели …)
♦ Проектираната моќност во КС (Hp) како и саканиот вртежен момент
♦ Посакуваното зголемување на притисок
♦ Дали моторот има интеркулер

Доколку и понатаму настојувате да вградите турбо во вашиот автомобил, прво што треба да направите е да најдете работилница која вградува турбополначи, и да се консултирате со стручно лице и евентуално да побарате совет во врска со тоа која турбополнач најдобро би одговарал на вашите потреби.