Two Stage Компресори (Bi-Turbo)

Two stage компресорите се апликации кои се состојат од две турбокомпресори,еден за работа при помал број на вртежи на моторот, а другиот за работа при повеќе вртежи на моторот. Како што знаеме турбокомпресорите со поголем проток не може да се подесат да работат при низок број на вртежи, поради тоа што притисокот во системот на цевки е помал од потребниот. Од другата страна малите турбополначи доста брзо го постигнуваат забрзувањето дури и при помал број на вртежи на моторот, но поради тоа не можат да го снабдат моторот со доволна количина на воздух при поголема брзина на моторот. При помал и среден број на вртежи на моторот, кога нивото на достапна енергија од издувните гасови е низок, работи само еден од двата турбополначи, односно помалиот (примарниот).

Во текот на овој период, сите издувни гасови се насочени во примарниот турбополнач, со што доаѓа до изразување на предностите кои ги нуди малиот турбополнач, како што се понискиот степен на набој, минимално каснење на турбото и зголемена моќност при помал број на вртежи. Како што расте бројот на вртежите, постепено се уклучува и секундарниот турбополнач, со цел полека да почне да се достигнува бројот на вртежи (на пропелерот на турбината) потребни за потполна оперативност. Кога ќе се достигне потребниот број на вртежи на моторот, набојот или притисокот, вентилите кои го контролираат протокот на воздух низ компресорот и турбината на секундарниот турбополнач потполно се отвораат. (примарниот турбополнач кај одредени апликации во овој случај потполно се деактивираат) На овој начин апликацијата со Twin Turbo, благодарение на големиот турбополнач, во потполност ги обезбедува сите неопходни предности, вклучувајќи и максимална излезна моќ без недостаток и зголемено каснење на турбото.

biturbo